Maria Mercedes, Теlevisa|1992

LucasScott

Глобален модератор
Мислења
8,011
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #1


Maria Mercedes - Марија Мерседес
Број на епизоди:80

Maрија Мерцедес е првата серија од популарната трилогија на Талија, која во серијава го толкува главниот лик - Марија Мерцедес Муњоз дел Олмо. Продуцирана од Валентин Пимстејни, новелата е прикажувана во над 40 земји во Европа, Азија, Латинска Америка. Меѓутоа според рејтинзите на гледаност, Марија Мерцедес го завзема четвртото место по Маримар, Марија од соседството и Росалинда. Марија Мерцедес е римејк на радионовелата Вљубена, а направени се и други венецуелски и мексикански верзии, меѓу кои за нас познатата Невина. На престижните ТВиНовели награди, новелата има добиено награди за главна млада глумица (Талија) и најдобра негативка (Лаура Запата).

Кратка содржина:

Марија Мерцедес е сиромашна девојка, која живее со својот татко - алкохоличар и браќата Андрес и Гиљермо и сестрата Росарио, затоа што е напуштена од нивната мајка. Марија Мерцедес мора да се грижи за браќата и сестрата така што преку цел ден работи на улица продавајќи цвеќиња и ливчиња за лотарија. Работејќи го тоа, еден ден Марија Мерцедес случајно стигнува до вилата на богатото семејство дел Олмо. Сантјаго дел Олмо, сопственикот на палатата ја здогледува Марија Мерцедес и решава да се ожени со таа девојка, само за да ги лиши од наследство неговата тетка Малвина дел Олмо и нејзините деца кои живеат од негова милост и немилост во таа куќа пред да умре затоа што е болен. Малвина е злобна материјалистка, бескруполозна и себична жена која ја интересираат само парите на роднината, а има две деца: убавиот племенит син Хорхе Луис и ќерката Дигна. Од себичност и лична одмазда кон тетката, Сантјаго ја запознава Марија Мерцедес, ја придобива нејзината доверба и таа се согласува да се омажи со него. Но по некое време Сантјаго умира и така Марија Мерцедес станува сопственичка на палатата и богатството дел Олмо.
Со тоа го навлекува гневот на доња Малвина и Хорхе Луис кои ја сметаат за натрапничка и опуртинистка. Сега тие ќе мора да зависат од Марија за да останат да живеат во куќата. Хорхе Луис има преживеано трагедија кога на денот на венчавката ја убиле неговата девојка, а пак Дигна е религиозна девојка која никогаш во животот немала момче и кои послушно ја почитуваат строгата волја на доминантната мајка. Доња Малвина го убедува Хорхе Луис да се ожени со билетарката (така ја нарекува Марија затоа што продавала тикети за лото), да си ги поврати парите кои им припаѓаат и потоа да се разведе. Хорхе решава да ја послуша мајка му, се жени со Марија иако не ја сака. Од тогаш започнува душевниот пекол за невината Марија Мерцедес која ќе се обидува да ја придобие љубовта на сопругот чии задни намери не ги знае, така да постепено Хорхе Луис ќе сфати дека се вљубил во добрата девојка. Но нивната среќа постојано ќе биде попречувана како од злобната свекрва Малвина, така и од Мистика, разгалена и амбициозна девојка која сака да си ја поврати љубовта на Хорхе Луис од младоста која ја имале. Меѓутоа Марија е бремена и тоа ги попречува нивните планови. Затоа тие две решаваат да употребат нови сплетки за да ги разделат вљубените. Со помош на својот батлер, доња Малвина решава да ја полуди невината Марија Мерцедес и ја сместува во лудница. Од лудницата, Марија бега и се крие во пансионот на пријателката - доња Флор. Конечно, Марија ги сфаќа намерите на Хорхе Луис кој се оженил со неа заради парите и решава засекогаш да расчисти со нивната љубов.
Марија се породува, раќа две близначки, но едната умира по неколку дена. Во таа цела несреќа која и се случува на невината Марија Мерцедес и по загубата на својот татко, единствена утеха наоѓа во богатата познаничка Магнолија, која всушност е нејзината вистинска мајка.
Тешка ќе биде битката на Магнолија да си ги поврати децата која ги напуштила пред многу години поради обврски во кариерата, но исто толку тешка ќе стане битката на Хорхе Луис да и се спротистави на неговата мајка и да ја поврати љубовта на Марија Мерцедес.


Улоги: Taлија, Артуро Пениче, Лаура Запата, Кармен Салинас, Ники Монделини, Габриела Голдсмит, Диана Голден, Карла Алварез, Патрисија Навидад, Фернандо Колунга, Едуардо Ривера​
 

Dexter26

Активен Член
Мислења
3,757
Допаѓања
22
Поени
38
#2
Продолжува серијалот Искрени реклами за теленовелите. :haha: