Добредојде на форумот

Регистрирајте сѐ или логирајте сѐ за да имате целосен пристап на форумот на ТВ Пакет!

Најави се

Mis tres hermanas, RCTV|2000

  • Автор на оваа тема Beauty
  • Датум кога е започната темата

Beauty

Администратор
Мислења
18,238
Допаѓања
2,887
Поени
113
Автор на оваа тема #1


МОИТЕ ТРИ СЕСТРИ
Број на епизоди: 150

"Моите три сестри" е венецуелска теленовела снимена и прикажувана на РЦТВ во 2000 година и репризно во 2009. Главните улоги ги толкуваат Скарлет Ортиз (Llovizna) и Рикардо Аламо (El Desprecio), а насловната нумера "A puro Dolor" ја изведува Sound by four.

Содржина:
По смртта на родителите, 20 годишниот Августо одлучува неговите роднини да не ја продадат семејната куќа и решава тој да ја презеде одговорноста да се грижи за неговите три сестри Силвија, Лиса и Беатриз. По неколку години, Августо е оженет со Маргарита која е себична девојка, ја мрази сиромаштијата во која живее и мрази што живее под ист покрив со трите сестри на Августо.
Силвија е најстарата сестра на Августо, омажена за Карлос и има блзинаци од него. Двајцата се соочуваат со финансиски проблеми. Карлос не може да најде работа.
Најмалата сестра Беатриз има проблеми со училиштето. Таа се вљубува во деликвентот Франциско, поради што го предизвикува гневот на нејзиниот брат.
Лиса е медицинска сестра која учи за да стане докторка. Еден ден во операционата сала снемува струја и Лиса вината ја бара во градежната фирма која сака да го одземе земјиштето на кое е болницата и на тоа место да изгради трговски центар. Така Лиса доаѓа на градилиштето каде го запознава Сантјаго, главниот инжињер. Иако нивната прва средба завршува лошо, сепак Лиса и Сантјаго полека се вљубуваат еден во друг. Пречката која застанува меѓу нив е свршеницата на Сантјаго, богатата Барбара. Барбара е ќерка на дон Ернесто, сопственик на градежната компанија. Откако Сантјаго и ја раскинува свршувачката на Барбара, таа се обидува да се самоубие. Подготвена е да им се одмазди на Лиса и Сантјаго така што го убедува татко и да го обвини Сантјаго за несреќата во која загинал еден од работниците на градилиштето.
Сантјаго е приморан да ја докаже невиноста но и да избега од канџите на Маргарита, која исто така се вљубува во него. Поради тоа Августо го замразува Сантјаго, а Лиса ќе мора да бира меѓу нејзината љубов и нејзиниот брат.

Улоги: Scarlet Ortiz, Ricardo Álamo, Carlos Cruz, Roxana Díaz, Dad Dáger, Ricardo Bianchi, Chantal Baudaux, Jonathan Montenegro, Luis Gerardo Núñez, Estefania López, Roberto Moll, Flor Elena González​
 
Последен пат уредено:

Beauty

Администратор
Мислења
18,238
Допаѓања
2,887
Поени
113
Автор на оваа тема #2
Наивна серија и многу непривлечна содржина за разлика од други стари венецуелски серии.
Да се давала порано можеби ќе ја гледав, но сега делува многу наивно и глупаво. Може да се погоди која ќе биде следната сцена, што ќе се случи и кој што ќе каже.

И оваа серија е од Права и Преводи, со тој голем жолт титл како порано што даваа на Пинк Плус.
 

LucasScott

Нов Член
Мислења
8,009
Допаѓања
0
Поени
0
#4
Мене оваа теленовела, како што напоменав ви друга тема ми е права посластица, не бидејки е нешто wow, туку поради тоа што ме потсетува на добрите стари серии кои сите ги сакавме. Насловната нумера е преубава.