Outlander, Starz|2014-

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,693
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #1
Туѓинец



Број на сезони: 2 (засега)
Број на епизоди: 16

Што ако твојата иднина е минатото?

Откако биле разделени за време на Втората светска војна, медицинската сестра на Британската армија, Клер Рандал и нејзиниот сопруг Франк, професор по историја на Оксфорд, одат на втор меден месец во Инвернес, Шкотска. На ова патување, Франк исто така се обидува да ја дознае историјата на неговото семејство. Додека Франк е зафатен со документи, Клер оди да собира растенија кога случајно застанува покрај еден висок камен на ридот Craigh na Dun. Откако го добира каменот таа мистериозно се враќа на истото место назад во времето во 1743 година каде што веднаш се соочува со опасност за нејзиниот живот. Овде го запознава војникот, Џејми Фразер, за кој ќе биде принудена да се омажи, и ќе биде разделена со солзите помеѓу двајца мажи во различни временски периоди.

 

SomebodyUnique

Активен Член
Мислења
3,613
Допаѓања
19
Поени
38
#2
Интересна содржина. Таман сите три серии што ги следам, ги гледам паралелно со Америка па имам слободно време а ова е баш ново и ќе ги изгледам овие три епизоди. И сакам вакви серии во минато време, со прекрасни пејсажи. На Википедија видов има и новела под ова име. Серијава е правена според новелата? Дури по три емитувани епизоди веќе е обновена за втора сезона? Сигурно има добра гледаност.
 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,693
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #3
Третата епизода има највисок рејтинг според Википедија, засега, нема енормно голем ама ваљда Старз смета дека серијата ќе има успех.

Ги гледав трите епизоди, мене ми е одлична, покрај Донтон Аби ова е единствената друга костимирана серија што ја гледам. Приказната е одлична, многу ми се допаѓа тоа што има и нарација во серијата и делува некако како раскажување на некоја книга, многу убаво сето ми делува.

Делот кога Клер се врати назад во 18-ти век ми беше одлично, не знаев ништо претходно за серијата, обично веќе не читам никакво информации пред да почнам да гледам. Имаат хемија таа и Џејми дури може да се рече повеќе од врската со Франк.

Ќе видиме што ќе се случи во наредната епизода сега откако дозна дека навистина постоел time traveler уште во тоа време. Интересна ми е таа домаќинката во куќата, посебно ради тоа што цело време ја мие, ја негува, или кога ја примети дека носи модерен корсет па кога се зачуди дека во тоа време нема такво нешто :406389:

Симпатична ми е Геилис, баш ми е мистичен тој лик.
 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,693
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #4
334545 334545 334545

Колку е само добра серијата, Јовица ѕирни ја жити се, сигурен сум дека ќе ти се допадне! Препорака и до другите!

Не ја искоментирав четвртата епизода, подобра од сите три заедно, серијата оди кон се подобро, а гледам и рејтинзите се зголемуваат. Одлична беше епизодава првен со тоа што Клер веќе го испланира бегството но се и пропадна, првен со насилниците, после со среќавањето на Џејми, кој ја убеди дека нема шанси да помине затоа што таа вечер поради ритуалот и гостите од страна има повеќе стража од претходно.

Ама ми е кутра онаа што е заљубена во Џејми, тешко дека ќе се заљуби во неа кога Клер е покрај него 334545 Драго ми е да не се врати Клер во иднината т.е сегашноста, затоа што предобар пар ќе ми бидат со Џејми како минат епизодите, сигурен сум.

Ќе биде интересна наредната епизода затоа што Клер тргна на патување со Дагал кој и вети можност да ја однесе на камењата. А да, одлична беше сцената кога Џејми стоеше пред неговиот вујко, и се заколна на примирје!

песната и шпицата во целост се нешто прекрасно, нон стоп ми е во главата нумерата... 334545

 

LucasScott

Глобален модератор
Мислења
8,012
Допаѓања
0
Поени
0
#5
Не сум луд по сериите на Starz, но може ќе и дадам шанса.
 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,693
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #6
LucasScott напиша:
Не сум луд по сериите на Starz, но може ќе и дадам шанса.
И јас и уште имам лошо мислење за нивните серии, но ова е предобро :406389: 334545
 

SomebodyUnique

Активен Член
Мислења
3,613
Допаѓања
19
Поени
38
#7
Ја изгледав првата епизода и сум презадоволен! :190950: Интересна приказна, прекрасни локации и пејсажи, прекрасна музика. :se poklonuva:: Само не ми е јасно дали тој за кој што ќе ја мажат Клер е војникот што го преврзуваше на рамото или е некој друг на дворецот? Овој на сликава во првиот пост е тој?
 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,693
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #8
SomebodyUnique напиша:
Ја изгледав првата епизода и сум презадоволен! :190950: Интересна приказна, прекрасни локации и пејсажи, прекрасна музика. :se poklonuva:: Само не ми е јасно дали тој за кој што ќе ја мажат Клер е војникот што го преврзуваше на рамото или е некој друг на дворецот? Овој на сликава во првиот пост е тој?
Да, тој е, Џејми, но уште не дошло до “мажењето“, изгледа во содржината има мал спојлер :406389:
 

SomebodyUnique

Активен Член
Мислења
3,613
Допаѓања
19
Поени
38
#9
До 4 епизода не е дојдено до венчавката? Едвај чекам да ја изгледам втората епизода.
 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,693
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #10
SomebodyUnique напиша:
До 4 епизода не е дојдено до венчавката? Едвај чекам да ја изгледам втората епизода.
Ма не, каква венчавка, кој знае кога ќе биде ама нема никаква најава засега за такво нешто. Мене последната четврта ми беше најинтересна досега, со тие ритуалите, многу ми се свиѓа што е баш она шкотска серија, акцентот, амбиентот, гајдата како инструмент :ehh: :ehh:
 

SomebodyUnique

Активен Член
Мислења
3,613
Допаѓања
19
Поени
38
#11
А, тогаш зошто постои во синопсисов? :okokoren: Не е фер да го има кога не планираат на почетокот да се случи тоа.

Инаку, овој глумецот што го глуми Франк е одвратен! :povraka:
 

SomebodyUnique

Активен Член
Мислења
3,613
Допаѓања
19
Поени
38
#12
Ја изгледав и втората епизода и морам да ви кажам и јас, луѓе - ова МОРА да го гледате!!! Ова е предобро. Епизода од 60 минути веднаш ми поминува. Бев малку скептичен поради тоа но дејството е премногу интересно и воопшто не е досадно.
 

SomebodyUnique

Активен Член
Мислења
3,613
Допаѓања
19
Поени
38
#13
Одлична четврта епизода! Боби скоро се' кажа ама морам да надополнам дека сцената кога умираше тој Џорди беше извонредно направена. Секоја му чест на продуцентите. :se poklonuva:: А, и мене оваа Геилис некако ми е чудна. :neznam:
 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,693
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #14
SomebodyUnique напиша:
Одлична четврта епизода! Боби скоро се' кажа ама морам да надополнам дека сцената кога умираше тој Џорди беше извонредно направена. Секоја му чест на продуцентите. :se poklonuva:: А, и мене оваа Геилис некако ми е чудна. :neznam:
И мене, четвртата посебно ми беше добра. Инаку што ме праша за тој типот до Клер што и преведуваше, прашувај ме во темава не во пораки, таман ќе дискутираме повеќе. Не знам кој е типот, ваљда некој од фамилијата, ги немат ептен прикажано ликовите да се знае кој е што. Геилис е нешто како вештерка, сите така ја сметаат, мене ми е интересен лик но конфузен. Оваа кутрата што е заљубена во Џејми :406389: :406389:
 

SomebodyUnique

Активен Член
Мислења
3,613
Допаѓања
19
Поени
38
#15
Таа мисли дури дека Клер е вештерка па бараше да и направи љубовна напивка за срцето на Џејми да се "отвори" за неа. :haha: А, не знае дека неговото срце е отворено само за Клер. Едвај чекам да започне нивната приказна. :ehh: Патем, Клер некако ми се разубави откако ја дотераа во 18-то вековен стил, зар не, Боби? Тој кралот со нозете... :off: Па ко ја натера Клер да му ги измасира а он си ја тргна и наметката и се разгологази пред неа. :haha: Паѓав од смеење кога ја видов фацата на Клер во тој момент кога му го виде г'зот на кралот. :haha:
 

LucasScott

Глобален модератор
Мислења
8,012
Допаѓања
0
Поени
0
#16
По ваша препорака вчера ја изгледав првата епизода и застанувам на истата. Тотално не е мој тип. Продукциски делува многу "poor", ме нервира што камерата не е константна т.е во секоја сцена бојата на сликата е различна, што делува страшно аматерско. А и самата приказна не е мој стил.

Оваа година решив да дадам шанса на неколку понови серии, меѓу кои беше и оваа, но нема да ја продолжам. На тест се уште и : Sherlock, Forever, Grim.
 

SomebodyUnique

Активен Член
Мислења
3,613
Допаѓања
19
Поени
38
#17
Тоа со бојата на сликата е само додека Клер е во сегашноста. Ко ќе се врати во минатото е супер. Има прекрасни пејсажи :ehh: Застанав на 4 епизода ради факултетов и многу ми е криво ама ќе надокнадам. Јовица, пробај уште со две три епизоди. И јас додека ја гледав првата епизода, размислував дали да ја прекинам и ќе ми беше криво ако го сторев тоа. Нема да зажалиш, верувај. :namignuva:
 

LucasScott

Глобален модератор
Мислења
8,012
Допаѓања
0
Поени
0
#18
Не ми се допаѓа тоа талкање низ времињата. Деф. не ја гледам.

А за сликата не е секвенцата во промената на времињата, во една сцена во хотеската соба е една боја на слика, следната сцена кога се возат со автомобил е друга.
 

Hook'O

Активен Член
Мислења
1,339
Допаѓања
11
Поени
38
#19
Има ли шанси да ја даваат на МРТ бидејќи е од Starz?
 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,693
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #20
Hook'O напиша:
Има ли шанси да ја даваат на МРТ бидејќи е од Starz?
Тешко годинава затоа што серијата е на пауза, и се враќа тек во април :rolleye: :rolleye: јас немав појма дека ќе ја делат сезоната немаше ни да почнувам, а така убаво заврши финалето на средината на сезоната. Можеби за наредната есен кога ќе има комплетирана целосна сезона.