Добредојде на форумот

Регистрирајте сѐ или логирајте сѐ за да имате целосен пристап на форумот на ТВ Пакет!

Најави се

Por todo lo alto, RCTV|2006

LucasScott

Нов Член
Мислења
8,009
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #1


НА КРИЛЈАТА НА ЉУБОВТА

Број на епизоди: 120

На карибското летувалиште “Архангел Михаил”, три убавици и смели жени, Анабела, Морана и Дулсе Марија се борат за своето место во индустријата, која сеуште припаѓа на мажите – авијацијата. Анабела Маркано сонува да биде професионален пилот како својот татко, кој умира при авионска несреќа. Мајката на Анабела не сака да чуе дека ќерка и сака да лета, но новиот татко ја назначува на работа во својата авионска компанија “Карибски крила”. Анабела го напушта домот и оди да живее во апартманот на своето момче. Умберто е некогашен пилот, кој и ветува дека ќе и помогне во работата, ако и двајцата се оженат. Неговата вистинска цел е да ја добие Анабела за незаконски бизнис. Рубен Алегрија, млад пилот, заљубен во Анабела, ќе им ја растури свадбата. Сонот на Рубен е да биде најдобар во својата професија. Тој ја има помошта од целото семејство, како и на Морана Бастардо, неговата колешка. Морана е амбициозна и бескруполозна. Таа не би застанала пред ништо, за да ги руши нејзините соништа. Нејзиното минато е загатка и никој не претпоставува дека таа е сестра на Умберто. Морана не ја приметува Анабела, за која мисли, дека таа е разгалената ќерка на шефот. Случајната смрт на Умберто, за која таа ја обвинува Анабела, е причината Морана да ја уништи младата девојка по цена на се. Дулсе Марија е механичар во авионската компинија “Линсе”. Дулсе е грдата и грубата, и Алсидес Уркиага, синот на шефот, во кој Дулсе е заљубена ја гледа неа единствено како пријател.
Трите жени треба да летат високо за да си ги остварат своите соништа.

Улоги: Marianela González, Llena Aloma, Daniel Alvarado, Cayito Aponte, Ricardo Bianchi, César Román Bolívar, Cynthia Cabrera, Aileen Celeste, Roxana Díaz, Sandro Finoglio​
 
Последен пат уредено од модератор: