Добредојде на форумот

Регистрирајте сѐ или логирајте сѐ за да имате целосен пристап на форумот на ТВ Пакет!

Register Најави се

Reina de corazones, RCTV|1998

  • Автор на оваа тема Beauty
  • Датум кога е започната темата

Beauty

Администратор
Мислења
17,867
Допаѓања
2,485
Поени
113
Автор на оваа тема #1


КРАЛИЦА НА СРЦАТА
Број на епизоди: 123

"Кралица на срцата"е венецуелска серија, продуцирана и дистибуирана преку мрежата на Радио Телевизија Каракас, а зборува за едно проколнато гратче, мистерии, демонски сили и празноверија. Напишана е од познатиот aвтор Humberto 'Kiko' Olivieri (Пустински љубовници, Затвореничка, Осветничка, Анали), а режијата му припадна на најпознатиот венецуелски режисер Тони Родригез. Најавната песна "Vuelan" ја пее Mulato. Во главните улоги се јавуваат Ема Рабе (позната како тетката на дебелата слатка Валентина) и Роберто Матеос (Милагрос).
Оваа љубовна приказна обележана од лаги, ривалство и претерана амбиција е раскажана низ 123 визуелни продолженија и кај нас се прикажуваше на локалните телевизии.

Содржина:
Марлена Паз е преубава русокоса девојка со објективен поглед кон животот, со одлучувачки карактер и голема харизма. Таа морала да помине многу нивоа на болка, разочарувања и беда за да постане познат интернационален модел. Но, славата не и го исполнува нејзиното срце, чии рани не се само дел од неостварената младешка љубов со Сантјаго Порас, туку и копнежот да се открие минатото, кое е обвиено со мистерија и злосторства. На врвот на нејзината кариера во светски познатите земји, Марлена е приморана да ја остави професијата на "стенд бај" и да се врати во родното гратче Саломон за да ја погреба дадилката Долорес. Но... нејзиното враќање ќе ги отвори старите рани и ќе донесе лавина на случувања во навидум мирното место.
Сантјаго Порас бил маж со големи идеали и страсти кон жените и животните предизвици, но откако открил дека неговиот татко "El Diablo" ги убил родителите на Марлена заради нафта и пари, Сантјаго ја напушта Марлене на денот на венчавката и станува свештеник. Но сега, години подоцна, Марлена се враќа на закопот на нејзината почината дадилка с и тогаш судбината повторно ја среќава со Сантјаго, но овој пат тој е во сосема нова улога, како свештеник. Кога ја гледа љубовта на нејзиното минато повторно пред неа, Марлена заплакува и тогаш небото се распрснува, почнува да врне обилен дожд. Сите селани се зачудени затоа што прв пат по многу години врне дожд во таа суша, во тоа проколнато гратче. Мислејќи дека се случило некое чудо, простодушните и неуки селани ја прогласуваат Марлена за божица, за кралица на нивните срца.
Но минатото не променило ништо. Сè уште постои истата жешка страст и длабока љубов меѓу Марлена и Сантјаго, која не умрела ни поради страшното минато заради кое тој ја напуштил. Во таа борба за власт и убиство на родителите на Марлена се виновни починатиот татко на Сантјаго и особено виновен е Рамиро Вегас. Рамиро Вегас и Одило Сантос се водачи на две богати моќни фамилии во гратчето кои не бират средства за да се уништат меѓусебно затоа што постои силна политичка конкуренција меѓу нив и желба за доминација во градот. Нивното ривалство и злосторства започнуваат да ја уништуваат и љубовта на Сантјаго и Марлена, која е забранета, но и на Федерико и Џулиета, децата на Одило и Вегас кои ја доживуваат тајната романса како од приказната за Ромео и Јулија. Марлена и Сантјаго започнуваат заеднички акции за да го спасат градот од немирите и поделеноста предизвикана од фамилиите Одило и Вегас, а во таа борба повторно се зближуваат, но предизвикуваат и омразеност кај двете фамилии.
Целта на Сантјаго и Марлена е да го обединат градот и да ја откријат заверата од минатото која им ги уништила семејствата. Сантјаго наоѓа некои документи со кои открива дека некоја земја и е одземена на Марлена, сфаќа дека направил грешка што ја напуштил порано и дека има и други виновници за смртта на родителите на Марлена. Марлена не може да му прости за тоа што ја напуштил, иако премногу го сака, а Сантјаго за да и ја докаже неговата љубов, подготвен е да ја симне свештеничката мантија. Затоа двајцата ќе мораат да преминат преку гордоста и грешките за да ја спасат нивната љубов и да го спасат градот од проклетството кое ги демне сите негови жители. Но, токму оваа нивна борба е осудена на негодување и омраза од Луиса Елена која е вљубена во Сантјаго и од Рамиро Вегас, кој не сака мешање во управувањето на градот. Двајцата се решени да ја уништат Марлена, која е бремена од Сантјаго. На денот на свадбата на Марлена и Сантјаго, носат разбојници, настанува хаос, Марлена го губи детето и завршува во лудница каде е подложена на секакви тортури и мачење... И кога сите мислат дека кралицата на срцата е мртва, таа под друг идентитет се појавува во селото подготвена да се одмазди за тоа што ѝ беше направено. Но, таа покрај Луиса Елена и Рамиро, ги обвинува и Сантјаго и нејзината другарка Кати за масакрот на нејзината венчавка.

Улоги: Emma Rabbe (Marlene Paez/Sara), Roberto Mateos (Santiago Porras), Ricardo Álamo (Jean Paul), Alberto Alifa (Father Barrientos), César Bencid (Berensejo), Marcos Campos (Matute), Dad Dager (Catalina Monsalve), Dessideria D'Caroas (Maria Gracia), Albi De Abreu (Federico)​
 
Последен пат уредено:

LucasScott

Глобален модератор
Мислења
8,009
Допаѓања
0
Поени
0
#2
Завршив со Инферно, ја почнав Кралица. :ehh:

Прво, благодарение до Pongalo што ја ставија на својот сајт со екстра добар квалитет за уживањето да биде целосно.

Сторијата започнува како Марлене, кралицата на срцата, успешен топ модел и дипломиран инжењер посетува психијатар со цел да ги залечи лузните од минатото, кога во малото место Саломон во нејзиниот роден дом биле убиени нејзините родители.

По дипломирањето, заедно со својата пријателка Кати заминува од главниот град. Сега Саломон е поделен на два дела, Саломон дел Посо (под владеење на градоначалникот Рамиро Варгас) и Саломон дел Конуко (под владеење на Одилон).

По пат, Марлене се сеќава на својата прва љубов Сантијаго Порас кој ја оставил по вердибата од непознати причини. Истовремено, Сантијаго доаѓа во Саломон како нов свештеник.

Во меѓувреме, умира старата дадилка на Марлене, Долорес, па Марлене и Кати доаѓаат на погребот каде што присуствува целото село. Со првата прелеана солза на Марлене, започнува да врне (во Саломон немало дожд повеќе од 20 години) па селаните ја нарекуваат чудотворна.

Премногу емоции поврзани со оваа теленовела, премногу спомени. Вредна е да се погледне одново.

Линк од епизода 1.

 

Beauty

Администратор
Мислења
17,867
Допаѓања
2,485
Поени
113
Автор на оваа тема #3
Деновиве гледам видеа од оваа серија. Какви спомени, емоции :((
Една од сериите кои оставиле голем импакт од моето детство. Не се сеќавам дали почна по Марисол или по Cambio en piel, но од самиот старт ми стана интересна. Шмекот на старите венецуелски серии плус дополнето со мистериозно гратче ала Инферно, Бланко, Пакита, Се за љубовта.

Како што постоеја негативци во венецуелските серии, на ниедно друго место немам видено :406389: Во сите венецуелски се буквално слични негативките - убиваат, трујат, фрлаат, удираат, се' лошо што може да се направи, ама не се извештачени и карикатури како оние од Телевиса.

Сцените по свадбата кога Марлена го губи детето па оди во лудница ми се највознемирувачки до ден денес. :okokoren:
Е вториот дел на серијата не го пратев редовно поради демоните и врколаците што излегоа.
 

Steff

Добро-Познат Член
Мислења
873
Допаѓања
489
Поени
63
#4
Толку добра ли беше? Ако е нешто во стилот на Ла Тормента од истиот автор, можел би да фрлам поглед. :pie kafe:

Од венецуелски освен Љовисна и Касандра ништо не ми се допадна.
 

Beauty

Администратор
Мислења
17,867
Допаѓања
2,485
Поени
113
Автор на оваа тема #5
Одлична беше, јас сум како и да е, слаба на стари новели.

Сепак од тие што се емитувале кај нас, вака би ги распределила венецуелските новели RCTV (од најдобра до најлоша) :

1. Класики, без конкуренција - постари теленовели пред 2000та
- Kassandra, Llovizna, Cambio de piel, Aunque me cueste la vida, Reina de corazones, Mujer secreta

2. Забавни циркузи по 2000-та
- El Desprecio, La nina de mis ojos, Estrambotica Anastasia, Mi gorda bella, Angelica Pecado, Carissima, Mi prima Ciela, Amantes

3. Ужасот од Венецуела по 2000-та
- Mis tres hermanas, Y los declaro marido y mujer, Luisa Fernanda, Mariu, Аmor a palos, Trapos intimos, Por todo lo alto
 
Допаѓања: Steff

Beauty

Администратор
Мислења
17,867
Допаѓања
2,485
Поени
113
Автор на оваа тема #7
Во ужасот ти фали Ева Луна.
Тоа е Venevision, овде само RCTV ги ставив.

Од Веневисион нема нормална и добра серија како што памтам и како што знам. Буквално една добра немало.
 

Steff

Добро-Познат Член
Мислења
873
Допаѓања
489
Поени
63
#8
Естрамботика и Горда гледав како и сите сапуни тогаш ама безвезе ми беа, евтин кичерај поголем и од Телевиса. Amantes и Ciela сите ги фалат ама мене тие ништо посебно ми не беа.
 

Beauty

Администратор
Мислења
17,867
Допаѓања
2,485
Поени
113
Автор на оваа тема #9
Амантес ништо посебно. Чела не ја сакав, само љубовната приказна беше ок.

Првите се добрите. Еве Реина ја гледам цел викенд. Одлична! Немам зборови. Мистерии, секти, тајни, тортура, хорор, љубов, мало гратче, свештенство, тоа е тоа што сакам и што ја вбројува серијава во една од најоригиналните.

Буквално сите тие 6 серии се која од која полегендарна. Неспоредливи со кичерајски хаоси како Валентина, Анхелика, Анастасија, Презир итн.

Само првите 6 вредат! Врвни серии!
 
Последен пат уредено:
Допаѓања: Steff

Beauty

Администратор
Мислења
17,867
Допаѓања
2,485
Поени
113
Автор на оваа тема #11
Јас буквално маратонски ја гледам викендов, хаха.
Првиов дел до кај 30 40 епизода ми е скрос познат, ама vale la pena ver de novo.

Луиса Елена беше негативка и во Cambio de piel. Марлене е одлична хероина. Се' е толку автентично, гледливо, пак ќе кажам неспоредлива со глупостите што ги продуцираше РЦТВ потоа. Стварно не ми е јасно.
Роберто Матеос исто одличен за разлика од шитовите на Телемундо во кои глумеше потоа.

Штета што народот кај нас не гледаше вакви приказни и што помина незабележително.

:pie kafe: