Room 104, HBO l 2017-

Мислења
777
Допаѓања
12
Поени
18
Автор на оваа тема #1

СОБА 104
Сезони: 2
Епизоди: 24

Создадена од браќата Џеј и Марк Дипла („Животни“, „Заедништво“), „Соба 104“ е нова антологиска получасовна серија на ХБО, која следи една соба на еден просечен американски мотел, разгледувајќи ги приказните на ликовите што поминуваат таму која било вечер. Подржувајќи ја идејата дека баналното е најинтересното место ако застанете и погледнете, секоја од 12-те епизоди на сезоната раскажува различна приказна додека собата останува иста, сѐ друго – тонот, заплетите, карактерите, дури и временскиот период – се менува. Навлегувајќи во разновидноста на жанровите, вклучувајќи комедија, драма, трилер и хорор, приказните и карактерите во првата сезона ги вклучуваат: приказната за разнесувач на пици кој добива повеќе од очекуваното; работа на дадијарка што прераснува во тензија; љубовна приказна за двајца 80-годишни; жена која бара друга димензија на реалност со помош на еден свештеник на култ; двајца мормонски мисионери што се колебаат околу верата и други. Трогателна, необична, и полна со заплети и со изненадувања, секоја епизода од „Соба 104“ е претставена како краток филм, нудејќи ново откритие од недела во недела, раскажувајќи приказни на секојдневни луѓе кои бараат поврзаност и значење во една соба.

Улоги: Jennifer Lafleur, Jenny Leonhardt, Michael Chandler
 
Мислења
777
Допаѓања
12
Поени
18
Автор на оваа тема #2
Серијата е фантастична, ако имате време, топла препорака за сите кои сакаат мистерија и многу драма. :)
 

Hook'O

Активен Член
Мислења
1,339
Допаѓања
11
Поени
38
#3
Дефинитивно не е за секого. Ја баталив после втора епизода.