- Мислења
- 8,011
- Допаѓања
- 0
- Поени
- 0
Автор на оваа тема
#1

РОЗОВИОТ ДИЈАМАНТ
Број на епизоди : 125
Во продукција на гигантот Телемундо, серијата ги освои срцата на милиони гледачи во светот благодарение на нежната љубовна сторија и интригантните заплети кои ќе ве држат во неизвесност до самиот крај. Класична приказна што ќе ве врати во времето минато со најголемите хероини од новелите, времето кога сите навивавме за среќата на Росалинда, сонувавме за љубовта на Есмералда, тежнеевме кон богатството на Фиорела, плачевме за маките на Есперанса. И токму сега на малите екрани се враќа серија која ќе не потсети дека животот е бајка, во кој принцот и принцезата мора да ги пребродат сите препреки за да бидат заедно и среќни. “Роса Дијаманте” e приказна за розовиот дијамант и девојката сираче која во светот на мрачните тајни и скриените вистини ќе ја пронајде вистинската љубов.
Содржина :
Во почетокот на приказната се запознавме со Росаура, префинетата сопруга на Едуардо Сотомајор, претседател на една од најголемите мексикански компании. Но, оваа навидум безгрешна дама има љубовник, а од таа врска сосема неочекувано и непланирано, Росаура забременува и раѓа девојче.
Поради тоа што се работи за дете од љубовникот, Росаура одлучува да се ослободи од детето и затоа ѝ плаќа на огорчената и таинствена Ракел да го тргне бебето. Ракел го остава девојчето во интернат за девојчиња, заедно со 18 бели и еден розов дијамант. Со секој бел дијамант е платена една година од сместувањето на девојчето во интернатот, а последниот, розевиот дијамант треба да се предаде оној момент кога девојчето ќе стане полнолетна. Директорката на интернатот, Мис Хелен и нејзиниот љубовник и соучесник Рамон ѝ го даваат името Роса на оставеното дев0јче.
Годините поминуваат, а Роса од симпатично девојче прераснува во преубава девојка. За неа најголемото богатство се соништата, а во интернатот се дружи со Ева, која е нејзина најдобра пријателка. Ева е во врска со Хосе Игнасио Алтамирано, млад претседател на фирма која е конкуренција на семејството Сотомајорови. Од таа врска, Ева останува бремена, но по породувањето, се случува голема трагедија и таа умира. Како би го исполнила аманетот даден на покојната другарка, Роса е приморана да започне нов живот. Го превзема нејзиниот идентитет и грижата за штотуку роденото синче, па затоа е решена да му се одмазди на богатиот Хосе Игнасио, убедена дека токму тој е одговорен за смртта на Ева. Меѓутоа, играта на одмазда за кратко време се претвора во љубов, а кога добро криените тајни ќе испливаат на површина, Роса ќе сфати дека животот за кој мислела дека не ѝ припаѓа ѝ е всушност многу близок.
Роса е на чекор до големото откритие, на чекор до вистината за нејзиното биолошко семејство.... но какви интриги следуваат во приказната за розевиот дијамант, дознаваме секое утро на Сител телевизија.
Улоги : Карла Ернандез, Маурисио Окман, Лупита Ферер, Патрисио Кастиљо, Клаудија Рамирез и др.
Последен пат уредено од модератор: