Добредојде на форумот

Регистрирајте сѐ или логирајте сѐ за да имате целосен пристап на форумот на ТВ Пакет!

Register Најави се

Rubi, Televisa|2004

LucasScott

Глобален модератор
Мислења
8,009
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #1


Rubi
Број на епизоди:115

Руби е романтична мексиканска теленовела. Серијата е снимена во Мексико, во текот на 2004 година, со 115 епизоди. Серијата стекна голем успех во целиот свет, а поради тоа и на мексиканските ТВ и Новеле Награди, освои неколку награди, како и најглавната за најдобра теленовела за 2005 година. Kaj нас, очекувано серијата имаше астрономска гледаност, баш поради одличната режија и ликот на главната хероина Руби.

Кратка содржина:

Ова е приказна за Руби, убава, но сиромашна девојка чија опсесија се парите и богатството.
Затоа, Руби е решена да ја искористи физичката убавина за да се омажи за богат човек кој ќе и овозможи да живее живот каков што посакува.
Руби е млада девојка, која студира на приватниот универзитет, заблагодарувајќи и се на стипендијата и на својата сестра, која напорно работи како би ја издржала својата сестра, како и нејзината мајка Рефухио. На универзитетот, Руби се спријателува со Марибел, милионерка, драга и убава девојка, која после собраќајната несреќа останува инвалид. Марибел мисли дека конечно пронашла вистинска пријателка во Руби, но не знае дека Руби сака да биде нејзина пријателка само заради нејзините пари. После што ја посети Марибел во нејзината вила, Руби е уверена дека таа требала да живее таков живот и дека под секоја цена ќе се здобие со вакво богатство. Заради нејзината инвалидност, Марибел своето време го поминува на интернет разговарајќи со момче по име Хектор. После некое време, Хектор и Марибел се запознаваат, и Хектор ја запросува. Марибел е многу среќна и се заљубува во него. Хектор и го претставува на Руби, својот најдобар пријател, докторот Алехандро, и Руби се заљубува во него. Руби почнува да сонува како конечно ке се венча за богат и згоден доктор и дека тие четворица ќе бидат среќни. Но, се пропаѓа кога Руби дознава дека Алехандро е сиромашен. Тажен, Алехандро во целост се одлучува да се посвети на својата професија. Сега единствена цел на Руби, е да и го украде свршеникот на Марибел, Хектор. Во тоа успева, но Хектор во бракот ја открива вистинската Руби, девојка заслепена од сјајот на дијамантите, лудо вљубена во луксуз, убавина и раскош. Но, дали се се парите во животот, дали тоа ќе и донесе среќа на Руби? и кога ќе ја открие смислата на животот , Руби не сака да се поправи..Судбината ја унесреќува поради нејзината злоба, а добродушната Марибел ја наоѓа својата среќа со Алехандро...

Улоги: Барбара Мори, Едуардо Сантамарина, Жаклин Бракамонтес, Себастијан Рули, Ана Мартин​