Добредојде на форумот

Регистрирајте сѐ или логирајте сѐ за да имате целосен пристап на форумот на ТВ Пакет!

Најави се

Sabrina, the teenage witch|1996-2003

  • Автор на оваа тема Beauty
  • Датум кога е започната темата

Beauty

Администратор
Мислења
18,230
Допаѓања
2,878
Поени
113
Автор на оваа тема #1


САБРИНА, ТИНЕЈЏЕРКАТА ВЕШТЕРКА
Број на сезони: 7
Број на епизоди: 163

Сабрина, тинејџерката вештерка е хумористична серија, базирана на истоимената книга. Мелиса Џоан Харт ја толкува улогата на Сабрина, тинејџерката со магични моќи која живее со своите тетки Хилда и Зелда и нивната магична мачка Салем. Во текот на серијата ја гледаме Сабрина и во љубовна врска со нејзиниот школски другар Хенри. На 16 роденден, Сабрина Стелман дознава дека потекнува од старо семејствот на вештерки. Нејзините тетки ја охрабруваат Сабрина, но сите магии излегуваат погрешно. Тетките се приморани да го чуваат мачорот во својот дом затоа што тој порано бил магепсник кој сакал да завладее со светот и откако е претворен во мачор, не може да го стори тоа.
Од 1996 до 2000 година, серијата се прикажуваше на АВС, а последните три сезони беа прикажани на The WB. Пред да започне серијата, бил снимен и филм со истите актери и истиот наслов. Во првите три сезони, во воведната шпица ја гледаме Сабрина како стои пред огледало и менува четири типа на гардероба и на крајот од шпицата кажува нешто кое е поврзано со последниот аутфит. Во шпицата за 4 сезона, ги гледаме ликовите во меурчиња. Во петта, шеста и седма сезона ја гледаме Сабрина како шета низ Бостон, а на крајот на воведната шпица како доаѓа дома и легнува на креветот покрај мачката. Во седмата сезона, Сабрина започнува со факултет, па поради тоа ликовите на нејзините тетки се отстрануваат од серијата.

Улоги: Melissa Joan Hart (Сабрина), Caroline Rhea (Хилда), Beth Broderick (Зилда), Nate Richert (гласот на Салем), Jenna Leigh Green (ривалката на Сабрина во школото) Nate Richerd (Харви)​
 

Missy

Нов Член
Мислења
3,189
Допаѓања
0
Поени
0
#2
Ја гледав на МТВ кога се даваше на времето... Мислам прво Clueless беше па по некое време оваа ( или обратно?)... Ми беше интересна во тоа време, а мислам дека пак би ја гледала да се дава некаде