- Мислења
- 696
- Допаѓања
- 0
- Поени
- 16
Автор на оваа тема
#1

'Теоријата за големата експлозија' е американски ситком, креиран и продуциран од Чак Лори и Бил Прејди, кој започна со прикажување на 24 септември 2007 година. Оваа серија го прикажува животот на бубалиците Шелдон и Леонард, нивните пријатели Хауард и Раџеш и нивната згодна сосетка, Пени.
Број на сезони: 8 (засега)
Број на епизоди: 159
Содржина:
Цимерите Шелдон и Леонард се суперинтелигентни физичари, но, кога ќе се запознаат со Пени, згодна девојка која се вселува во соседниот стан, тие сфаќаат дека не знаат апсолутно ништо за животот надвор од лабораториите. Нивни пријатели се Хауард, кој смета дека е згоден исто колку што е и паметен, и Раџеш, кој не може да зборува кога е во близина на убава девојка.
Улоги: Џим Парсонс, Џони Галецки, Кејли Куоко, Сајмон Хелберг, Кунал Наџар...