Добредојде на форумот

Регистрирајте сѐ или логирајте сѐ за да имате целосен пристап на форумот на ТВ Пакет!

Најави се

The Fall, BBC 2|2013-2016

  • Автор на оваа тема Кате
  • Датум кога е започната темата
Мислења
457
Допаѓања
0
Поени
16
Автор на оваа тема #1


Број на сезони: 3
Број на епизоди: 17

Дејството е поставено во Белфаст, каде оперира убиец на кој полицијата не може да му влезе во трага. Во истрагата ќе се вклучи детективката Стела Гибсон (Џилиан Андерсон) која навистина знае како да се снајде во свет во кој доминираат мажи. Нејзина цел е да го открие убиецот кој планира совршени убиства, без да остави трага зад себе. Убиецот е лик по име Пол Спектор (Џејми Дорнан), лик кој однадвор никогаш не би рекле дека е способен за такви брутални убиства кои имаат сексуална нота. Неговиот идентитет не е нешто што треба да го откривате, напротив, по само некоја минута во серијата го знаете неговиот лик. Тоа е доброто во оваа серија. Не е насочена кон тоа да ве тера вие да погодувате за ликот, туку ви ја прикажува главната игра која ја игра серискиот убиец и детективот кој треба да го улови.

Серијата дава извонреден и воедно загрижувачки опис на еден сериски убиец. Тој не е изолиран, а сепак живее во сопствен свет. Има семејство, а способен е да измачува друго човечко суштество. Пол Спектор е силен и привлечен човек, за кој соседите би рекле дека е речиси совршен, но воопшто не е онаков каков што се прикажува. Преку епизодите ќе дознаете како успева да се маскира и што крие во себе, како и кои му се методите преку кои доаѓа до жртвите.

 
Последен пат уредено од модератор:

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,690
Допаѓања
0
Поени
0
#2
Re: The Fall, BBC 2|2013 -

:se poklonuva:: :se poklonuva:: :se poklonuva:: :se poklonuva::

Петчасовно уживање, оваа серија дефинитивно се гледа во еден здив, само една ноќ, нема многу време да изгубите, а ќе уживате максимално.

Синоќа изгледав три епизоди, ама ептен бев капнат, и денеска ги догледав двете. Маестрална трилер серија, ми се допаѓаше ептен тоа што убиецот го знаеме уште во првата сцена, и мистеријата ја гледаме од страна на детективите кои се обидуваат да го најдат, а истовремено и неговите тајни од детството.

Џејми Дорнан е фантастичен глумец, тек сега гледам дека ќе има кубење на коси женските во 50 Shades of Grey, не знаев дека он е главниот лик. Глумецот е врв, значи таква маестрална глума, нешто феноменално!

Џилијан исто фантастична, ми се допадна крајот на сезоната што ни остава простор за да размислуваме што може да се случи во втората сезона откако овој си ја “кидна“. Сцената кога се разминаа во станицата ми беше една од омилените.

Огромна препорака до сите љубители на трилер серии, се гледа за пет часа и во еден здив. Дани, Јовица and company, must!

:uzivkanje: :uzivkanje:
 
Мислења
457
Допаѓања
0
Поени
16
Автор на оваа тема #4
Re: The Fall, BBC 2|2013 -

Многу ми е драго што Џејми Дорнан конечно добива шанса во Холивуд. Единствено претходно го имав сретнато во Once upon a time и таму ми беше супер. Ама во The Fall... I'm speechless. Многу добра глума од негова страна и имам читано дека навистина се има посветено на овој лик. Не ми се верува дека се уште има негативни коментари од фановите на Fifty Shades of Grey, од типот: 'Не е доволно добар за ликот на Кристијан Греј' или пак 'Не е доволно убав'. Алооо глупачи, бидете среќни што воопшто сте го добиле Дорнан како главен лик во филмот.
Зарем е потребен коментар за Џилијан Андерсон? Секоја чест, навистина.
Едвај чекам да започне снимањето на втората сезона, луѓето коишто стојат зад оваа серија ветуваат нови уште погенијални 6 епизоди.
 
Мислења
457
Допаѓања
0
Поени
16
Автор на оваа тема #5
Re: The Fall, BBC 2|2013 -

(Се извинувам за пост врз пост.)
Од 25:00 до 26:25 - една од моите омилени сцени!
 

LucasScott

Нов Член
Мислења
8,009
Допаѓања
0
Поени
0
#6
Re: The Fall, BBC 2|2013 -

Сношти ја гледав првата епизода и тотално се навлеков. Да не се повторувам со постовите на Боби и Кате. Ова е must see!
 

LucasScott

Нов Член
Мислења
8,009
Допаѓања
0
Поени
0
#7
Re: The Fall, BBC 2|2013 -

Значи THE BEST!

E ова е она што го немав добиено од премиерата на Homeland, а толку многу сакав!

Штета што се само малку епизоди, да не зборам колку со душа ја чекам втора сезона.

Џејми Дорнан е најдобриот машки актер во моментов, мислам. Така добро го има одиграно профилот на сериски убиец, што е болно реално!

Џилиен Андерсон е права дама, одлична како и во The X Files!

:se poklonuva:: :se poklonuva:: :se poklonuva:: :se poklonuva:: :se poklonuva::
 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,690
Допаѓања
0
Поени
0
#8
Re: The Fall, BBC 2|2013 -

Чим си сменил аватар like те бендисала серијата :bravobravo:

Мој предлог е скоро да ја изгледаш и данско-шведската Bron/Broen :) Малку трае и таа, а и феноменална во секој поглед!
 
Мислења
457
Допаѓања
0
Поени
16
Автор на оваа тема #9
Re: The Fall, BBC 2|2013 -

Снимањето на втората сезона треба да почне некаде во февруари. Многу ме интересира како ќе продолжи да се одвива приказната, едвај чекам.
Ги обожавам! 334545
 

LucasScott

Нов Член
Мислења
8,009
Допаѓања
0
Поени
0
#10
Re: The Fall, BBC 2|2013 -

Bobi! напиша:
Мој предлог е скоро да ја изгледаш и данско-шведската Bron/Broen :) Малку трае и таа, а и феноменална во секој поглед!
Да, и тоа ќе биде скоро!

Но навистина не можам да ги соземам импресиите од The Fall. :pie kafe:
 
Мислења
457
Допаѓања
0
Поени
16
Автор на оваа тема #11
Re: The Fall, BBC 2|2013 -

HBO Europe Takes Gillian Anderson Starrer 'The Fall'

http://www.hollywoodreporter.com/news/hbo-europe-takes-gillian-anderson-675227

Блазеси им на тие што имаат HBO. Јас лично планирам да направам уште една реприза на сите 5 епизоди, ама таму некаде пред почетокот на втора сезона! :uzivkanje:
 

Hook'O

Добро-Познат Член
Мислења
1,423
Допаѓања
53
Поени
48
#12
Re: The Fall, BBC 2|2013 -

Хм, одамна сакам да ја почнам серијава и никако да успеам. Ќе гледам викендов да ја погледнам првата епизода, само поради Џејми, кој за жал ќе го нема веќе во Once Upon A Time.
 
Мислења
457
Допаѓања
0
Поени
16
Автор на оваа тема #13
Re: The Fall, BBC 2|2013 -



“Even a multiple murderer can have his share of good qualities or a pretty face.” :lilee:
 

Beauty

Администратор
Мислења
18,230
Допаѓања
2,878
Поени
113
#14
Re: The Fall, BBC 2|2013 -

Очигледно сум единствена на која серијава не и се допадна.

Ми беше многу досадна што од аспект на дејство што од ликови. Сакам и барам сензационалност и напнатост кај серии, ова беше сосема спротивно од тоа што го очекував.
 

LucasScott

Нов Член
Мислења
8,009
Допаѓања
0
Поени
0
#15
Re: The Fall, BBC 2|2013 -

^

No comment бидејки за мене ова е најдобарата серија сезонава!
 

Beauty

Администратор
Мислења
18,230
Допаѓања
2,878
Поени
113
#16
Re: The Fall, BBC 2|2013 -

:haha: :haha: :haha:

Луѓе, не знам, но јас имам проблем со британски, ирски реализации, не памтам дека нешто од тој дел на светот ми се допаднало. Иста ситуација и со Broadchurch пред некој ден.
 

LucasScott

Нов Член
Мислења
8,009
Допаѓања
0
Поени
0
#17
Re: The Fall, BBC 2|2013 -

Јас како стареам толку помалку ми се допаѓаат американски серии и филмови, генерално, па се вртам се повеќе кон Европски реализации (шпански секогаш на прво место, британски, француски...).
 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,690
Допаѓања
0
Поени
0
#18
Re: The Fall, BBC 2|2013 -

LucasScott напиша:
Јас како стареам толку помалку ми се допаѓаат американски серии и филмови, генерално, па се вртам се повеќе кон Европски реализации (шпански секогаш на прво место, британски, француски...).
Сега кога ја спомна Дани, изгледај ја и Broadchurch, американците и прават римејк моментално, изгледај ја пред ненамерно да го изгледаш американското издание.

А за мислењето на Дани - ноу комент. :)
 

LucasScott

Нов Член
Мислења
8,009
Допаѓања
0
Поени
0
#19
Re: The Fall, BBC 2|2013 -

Немам намера да гледам американски серии (овде не ги вбројувам репризите на старите драги серии) во иднина. Сезонава останав на 2 Broke Girls и Bates Motel!
 

DarkAngel

Активен Член
Мислења
2,862
Допаѓања
0
Поени
36
#20
Re: The Fall, BBC 2|2013 -

Не ја гледам серијава, но планирам најверојатно преку лето.

Дани, ако јас судам само по изгледани епизода-две, тогаш Breaking bad одамна би ја заборавил. Кога почнувам некоја серија која ме интересира, гледам поголем дел епизоди од истата, а ако сезоната е кратка ја гледам цела па потоа донесувам заклучок. Не ми е важно дали во некоја серија има брзо дејство или не, што ако има брзо дејство ако има еден куп нелогичности. Мене лично повеќе ми е важна психолошката карактеризација на ликовите, дијалозите, приказната...

Немам намера да гледам американски серии (овде не ги вбројувам репризите на старите драги серии) во иднина. Сезонава останав на 2 Broke Girls и Bates Motel!
А Game of thrones ја остави?