Trust, FX l 2018 -

Мислења
777
Допаѓања
12
Поени
18
Автор на оваа тема #1

ДОВЕРБА
сезони: 1
епизоди: 10

„Доверба“ е нова интригирачка серија која се темели според вистински случувања во семејството Гети во седумдесетите години од минатиот век, а почнува да се емитува на 05. септември во 21.55 на FOX каналот.

Незамисливиот успех и енормно големото богатство секогаш со себе носи интриги и падови без разлика дали се финансиски или морални. Таква низа на случувања го следи и семејството Гети кое поголемиот дел од дваесетиот век ја носело титулата најмоќно семејство на светот. Џон Пол Гети е ексцентричен старешина кој живее целосно неконвенционален животен стил во еден тудорски дворец, а за домашен миленик има лав, а исто така има и харем од љубовници, а најверојатно е и најмоќниот човек на светот. Серијата ги следи случувањата во период од 1973 со киднапирањето на наследниот на Гети. Имено, внукот на моќниот тајкун, Џон Пол Гети трети, живее во Рим како уметник и целосно спротивно на семејниот имиџ, а најголемиот дел од парите ги троши по забави и пиење.

Меѓутоа не е лесно да се измами за пари стариот Гети, а поготово за финансирање на угодниот живот на неговиот внук. После дојавата за киднапирање на Џон трети од страна на италијанската мафија, семејството Гети не може да се согласи со различните ставови. Дедото Гети е уверен дека неговиот внук сам го има испланирано киднапирањето само за да дојде до пари, додека пак мајка му е единствената која е уверена дека син и е киднапиран и подготвена е да направи се за да го спаси. Ова случување предизвикува низа на лавини кои скоро и да го уништат семејството Гети.

Улоги: Harris Dickinson, Donald Sutherland, Hilary Swank, Luca Marinelli

 

Hook'O

Активен Член
Мислења
1,339
Допаѓања
11
Поени
38
#2
Ја изгледав првата сезона летоска и во кратки црти, шармантна беше. Ништо посебно, ама супер летно уживање. Визуелно супер изгледа, има хумор, добри изведби, ама има и маани.
 
Мислења
777
Допаѓања
12
Поени
18
Автор на оваа тема #3
Јас сега ќе ја почнам кога ќе почне на Фокс. :) На прв поглед интересно изгледа и ме привлече.
 
Мислења
777
Допаѓања
12
Поени
18
Автор на оваа тема #4
Многу безвезе серијата.
Имаше некои интересни работи, ама многу малку, ретко кои епизоди да ми беа целосно добри.
Најмногу ми се допаѓаше тоа со снегот, кога беше откупот и предавањето.
Најлошо беше тоа што тој полицаецот раскажуваше за приказната.

Генерално некои сцени беа супер, ама поголмиот дел лошо.