Uspjeh, HBO | 2019 -

  • Автор на оваа тема M@RKO
  • Датум кога е започната темата

M@RKO

Добро-Познат Член
Мислења
9,366
Допаѓања
51
Поени
48
Автор на оваа тема #1

2019 | 47 минути | Криминалистика, Драма
Режија: Danis Tanović
Улоги: Toni Gojanović, Uliks Fehmiu, Iva Mihalić,Marija Škaričić, Tara Thaller





Првата серија на "ХБО Европа" во јадранскиот регион – "Успех" – во режија на добитникот на Оскар Данис Тановиќ, ни прикажува четири лица што не се познаваат меѓусебно и ги поврзува еден насилен настан.
"Успех" е повеќеслојна драма што се фокусира на моќните ликови. Таа ги следи меѓусебно поврзаните приказни за четири лица што не се познаваат меѓусебно и секој од нив се бори со секојдневниот живот во градот, а ги поврзува еден насилен настан. Кога последиците од нивните дејства почнуваат да навлегуваат во секој аспект од нивните животи, овие обични луѓе од различни делови на општеството одлучуваат да се спротивстават. Ова е мрачен поглед во различните општествени структури на современиот Загреб преку животните приказни на обичните луѓе коишто тоа исто општество ги турка во амбис. Иако Загреб е во фокусот, "Успех" претставува универзална, слоевита приказна во која ги гледаме моментално доминантните чувства на фрустрација, беспомошност и пасивност во секојдневниот живот на обичната личност во регионот, а и пошироко, преку љубовта, работата, семејството, верноста, несигурноста и криминалот.

Еп. 1 Животите на четворица навидум неповрзани луѓе, ќе се судрат во еден насилен инцидент. Бланка е средношколка со насилен татко и насилно момче. Невработената млада дизајнерка Кики може да го изгуби станот затоа што не може да го плаќа кредитот поради тоа што е загрозено здравјето на нејзиниот син. Винка е вработена во банка и не сака да ја прифати реалноста за нејзиниот брак што пропаѓа, но животот ѝ крахира кога е нападната без никаква причина. Харис е архитект кој надгледува еден голем, но ризичен градежен проект за опасниот бизнисмен Краљ кој ненадејно доживува морална криза поради неговата улога во корумпираниот систем. Судбината ги спојува, а некој ќе умре поради тоа.
 
Последен пат уредено:
Мислења
782
Допаѓања
16
Поени
18
#2
Многу лоша првата епизода. Тотално глупа најава на карактери, како да си гледаш некое локално балканско серииче само плус лого на НВО.
Многу се разочарав очекував многу повеќе, ништо не е јасно, ликовите се многу слаби, не им верувам на никој (освен на чистачката) во тоа што го прават, премногу се вештачки.
Не знам зошто работат теми кои им се непознати, сувопарни и слично .
Има многу подобри серии што излегоа а не се поддржани од НВО на Балканов, а ова целосна утка.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
Мислења
9,366
Допаѓања
51
Поени
48
Автор на оваа тема #3
Од денес достапна е цела сезона прва на HBO GO додека на HBO тв каналот вечер во 20 часот е првата епизода.
 

Hook'O

Активен Член
Мислења
1,357
Допаѓања
22
Поени
38
#4
Серијава е ниво над повеќето балкански серии од изминатата деценија. Претерана е негативноста.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
Мислења
9,366
Допаѓања
51
Поени
48
Автор на оваа тема #5
Како некој кој премногу е обожавател на филмови и серии од регионов/ балканот ( Србија, Хрватска, Македонија) Решив да и дадам шанса на серијава и ја гледав прва епизода но некако чудна ми беше. Немаш време убаво да се запознаеш со ликовите одма старт прва епизода почна со насилства пред се тепачки и се она што често го има во балканските филмови или серии.

Ќе и дадам шанса и уште некоја епизода ако не бива нема да се мачам да гледам.
 
Мислења
782
Допаѓања
16
Поени
18
#6
Денес маратонски ги изгледав сите епизоди и еве едно генерално видување.

Прво и основно „Успех“ многу грд наслов и според мене несоодветен со тематиката на серијата. Треба да има нешто што предизвикува мистерија или прашања. Напротив мислам дека „Jutro će promeniti sve“ ќе беше многу подобар наслов и по привлечен за самата серија бидејќи со таа песна завршува првата епизода и баш и дава добар шмек. Ама ништо не се сетиле изгледа.

Серијата имаше потенцијал да се развива многу добро, поготово со завршетокот на првата епизода. Но за жал ништо од тоа не се случи.
Постојано си држеше една иста линија на дејствие немаше многу драматични заплети и нејаснотии па нас како гледач да ни го задржи вниманието, сите работи ни се сервирани пред време и секогаш знаеме пред сите ликови, а после тоа нормално ти е досадно и чекаш и тој да дознае па да се продолжи понатаму.

Шпицата на серијата ала “Вистински детектив“ , прекласично за ХБО, можеле многу подобро.
Општите кадри меѓу сцените предосадни, сигурно имало многу подобри локации и што поразлично да покажат и да не се држат до тоа класичното швенк горе-доле или лево-десно.

Со приказната потсеќа на „Новине“ во одредени делови, но „Новине“ се ниво погоре на оваа серија.

Никој од ликовите не беше целосно развиен и не се случи некој голем пресврт кај било кој од нив. Голем дел од нив беа нереални во однос на постапките како на пример, Винка, банкарски чиновник на која и иде Кристијан - млад татко кој сака да си го спаси станот, има болно дете, а ваа е толку незаинтересирана што ни документите му ги виде, нити пак нешто се потруди да направи заради тоа, а заедно со него беше таму таа ноќ.
Комплицирано е кога имаш толку ликови а сакаш да ги претставиш сите а имаш шест епизоди и секогаш најмалку внимание се посветува на тоа, а повеќе на дејствието и акцијата.

Од сценаристичка страна има доста недостатоци имено имаме мртов стаорец пред врата и тики-туку-така ништо со тоа, чат пат ќе се спомне наместо да се задлабочи повеќе со тоа, па тоа да биде клучот на се, пошто и шпицата им е цела со стаорци. :)

Понатаму како што се развива серијата гледаме дека дејствието си тапка во место во одредени делови а случајот си тече. Пред крајот се насобраа многу работи нерешени па се некако се случи набрзина, а некои важни ликови како на пример мафијашот Днило исчезнува туку-така од екран и ништо за него.
Генерално на цела серија и фали некоја драматуршка структура.

Од режисерски аспект нема нешто многу креативна режија како што имало во другите ХБО серии, многу класично снимена, не се потрудиле во овој дел.

Од 1-10
4.5 мој рејтинг.


Ti si tu, svud je mrak oko nas
Kobna tišina nas dijeli
Ali ne, čekaj strpljivo dan
Jutro će promijeniti sve
 

M@RKO

Добро-Познат Член
Мислења
9,366
Допаѓања
51
Поени
48
Автор на оваа тема #7
Серија со име Јутро ќе променити све веќе имаше на РТС.