Добредојде на форумот

Регистрирајте сѐ или логирајте сѐ за да имате целосен пристап на форумот на ТВ Пакет!

Најави се

Viver a vida, Rede Globo|2009-2010

LucasScott

Нов Член
Мислења
8,009
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #1


ЖИВЕЕЈЌИ ГО ЖИВОТОТ
Број на епизоди: 100 (интернационален пазар); 209 (национален)

Кратка содржина:

Елена е модел, млада и убава која секогаш има голем успех во нејзините модни дефилеа. Но, таа не е свесна дека нејзината судбина ќе се промени драстично од моментот кога ќе се заљуби во Маркос. Маркос е човек кој е 20 години постар од неа, кој има сепак лични успеси и падови зад него. Маркос е поранешен сопруг на Тереза, со која имал три прекрасни ќерки: Лусијана, Изабела и Миа, која е најмладата ќерка, а и посвоена. Секоја од нив си има своја приказна и своја различна сопственост. Лусијана е разгалена девојка и добар модел, а што е уште полошо, таа е и најголемиот ривал на Елена. Лута од новата врска на нејезиниот татко, Лусијана заедно со нејзината мајка Тереза ќе се борат против таа љубов. Изабела е фина девојка која живее во тотално спротивни ставови од Лусијана. Миа е најмладата, која е секогаш пријателски настроена.

Лусијана се гледа со Хорхе, но не и‘ се допаѓа тоа што тој е против идејата таа да биде модел. Хорхе, одговорен и сериозен има проблеми дома со неговиот брат близнак Мигел, кој е тотално различен карактерно од него. Единствената преокупација на Мигел е неговата девојка Рената. Таа, која што не е спремна да со оствари својот сон да стане актерка, започнува опасна навика со пиењето и алкохолот.

Една голема трагедија ќе го промени животот на Лусијана и на сите околу неа. А љубовта на Маркос и Елена ќе биде доведена во прашање не само поради несреќата на Лусијана, туку и поради Бруно и Дора кои ќе влезат во нивните животи.

(Елена - Таис Араухо)


(Маркос - Жозе Мајер)


(Тереза - Лилиа Кабрал)


(Лусијана - Алин Мораес)


(Бруно - Тиаго Ласерда)


(Дора - Џована Антонели)
 

LucasScott

Нов Член
Мислења
8,009
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #2
Well done, мистер Карлос (again). :se poklonuva::
Искрено, не ни очекував нешто помалку добро од маестро Карлос.
Единствена замерка која ја имам е што Глобо последниве години претеруваат со кратење на интернационалните верзии, серија од 209 епизоди тие ја рециклираат во 100, што е повеќе од 50% скратено. А сериите на М. Карлос имаат душа и тоа треба да се почуствува, а никако да се скрати бидејки така се губи ефектот.
1 и 2 епизода :se poklonuva:::se poklonuva::.
Таис Араужо и овде ми е страшно симпатична и како актерка и како појава. Глуми жена (Елена секако:)), која се занимава со манекенство. Но, животот на висока нога не ја направил да заборави на своите корени, па секогаш радо се враќа во родниот град каде што живеат нејзините родители со помалата сестра која е навлезена во лошо друштво и е бремена од нарко дилер.
Главната ривалка во кариерата на Елена и е Лусијана (Aлине исто убава како секогаш), размазена манекенка која постојано се мери со успесите на Елена. За иронијата да биде поголема, нејзиниот татко Маркос (вечниот галан Жосе Мајер) се заљубува во Елена.
Ептен добра сцената на ревијата кога Лусијана ќе се препне пред Елена.
Сцената кога Маркос ја одведе Елена на отворено море и ги пушти светилките на јахтата мене ми го одзема здивот. Па, секако дека секоја девојка би паднала на таков гест.:)
Очекувам понатака да се појават и ликовите на Тијаго Ласерда и Џована Антонели, се надевам дека не ги исекле скроз.
:se poklonuva:::se poklonuva::
 

LucasScott

Нов Член
Мислења
8,009
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #3
3 та епизода.:ehh::se poklonuva::

И не ми се верува колку е скратена верзијата за интернационален пазар.:hmm:
Се плашам дека скратиле и некои ликови, е тоа би било претеризам.

Но, приказната продолжува да фасцинира. :uzivkanje::ehh:
Чудно ми е за Глобо, што конкретно во овие три епизоди буквално се се врти околу главниот пар Маркос и Елена! Практично ништо друго не знаеме за остнатите ликови.
Поради тоа што ги има во секоја сцена, логично и брзо се одвива дејствието.
Денес тој и ја запросе и се венчаа. Таис беше неописливо преубава на венчавката. Ух, ја сакам.:ehh:
Одлична беше онаа сцена кога Тереза, бившата жена на Маркос ќе дојде на венчавката и ќе и каже на Елена дека кога таа се мажела за него, тој одбил да се венчаат во црква, бидејки не верувал во бога, а сега го прави токму тоа со неа.
:uzivkanje:

(преубавата Таис во разговор со Тереза, легендарна сцена.)
 

LucasScott

Нов Член
Мислења
8,009
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #4
Колку само ми требаше ваква новела, по долго време, нешто во што комплетно уживам.:ehh:
Се појави и Дора (Џована Антонели). Нема став на негативка, барем не типична. Глуми самохрана мајка која користејки го својот изглед добива работа во еден бар во Бузиос, но полека почнува да ми се шуња со Маркос.
Не сакам да читам спојлери за понатака, но искрено се молам да не останат Маркос и Елена заедно. Едноставно не е за неа.
Елена и Лусијана заминаа во Јордан на ревија, очекувам да се појават и новите ликови водени од Тијаго Ласерда.
Лусијана и Мигел се ретко симпатични и сакани локови. Едноставмо има таква хемија меѓу нив што не можеш да одолееш. Плус нивните сцени ги краси преубавата I wanna know what love is на Мараја.

:se poklonuva::
 

LucasScott

Нов Член
Мислења
8,009
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #5
Продолжуваат моите монолози...:)

# 16

Многу емотивна и трогателна епизода. :smrk: Лусијана доживеа несреќа во Петра, откако се испокара со Елена, и оваа не и дозволи да замине со неа во колата, па Лу мораше со автобус кој се преврте во пустината. Како последица остана неподвижна од вратот па надалу. :smrk: Тереза истовремено имаше некое претчуство и сцената беше одлична.

Amo essa novela! :se poklonuva:: O Brigado don Manoel Carlos!:se poklonuva::
 

LucasScott

Нов Член
Мислења
8,009
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #6
#25 епизода. :se poklonuva::

Неколку епизоди малку го вртеа дејствието во место, по несреќата на Лусијана, но сега почнуваат интересни епизоди. Се појавија нови ликови со чело на Камила Моргадо, која глуми девојка заљубена во мажот на својата братучетка.
Сцената кога Тереза го пронајде скриеното видео во компјутерот на Бел, она кое Лу и го испрати за роденден, а Бел не го покажа беше врно дело во глума на Лилија Кабрал. :se poklonuva:: И симнувам капа на таа актерка, бидејки е перфектна во глумата. Како само ја извлече Бел од бањата и почна да ја млати со каишот по голо тело. Ух, морници ми наидоа гледајки ја сцената.

Една од најубавите новели во последните години. :se poklonuva:::se poklonuva:::se poklonuva::
 

LucasScott

Нов Член
Мислења
8,009
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #8
Баш би сакал и јас да имате можност а ја гледате, чисто да ја видите разликата на оваа квалитетна новела и трешовите кои ги величите.
 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,690
Допаѓања
0
Поени
0
#9
LucasScott напиша:
Баш би сакал и јас да имате можност а ја гледате, чисто да ја видите разликата на оваа квалитетна новела и трешовите кои ги величите.
Сега дури видов дека серијата ја има за симнување на бугарскиот форум од Зоне Романтика но со бугарски титлови што не ми смета воопшто. Кога ќе си дојдам од одмор може ќе ја симнувам, таман само две новели ќе гледам, и тоа бразилски. :ehh: Уживање.
 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,690
Допаѓања
0
Поени
0
#11
LucasScott напиша:
Имаш на Globo Downloads и со хрватски превод. :)
Ајде фрли во ПП линк од сајтот. Баш го барав некња ама не ми е зачуван новиот форум во Google Chrome.
 

Игор

Нов Член
Мислења
493
Допаѓања
0
Поени
0
#12
Фатив денес неделна реприза од серијава и застанав да ја ѕирнам. Најмногу ме интересираше да се уверам дека Глобо убедливо го држи првото место во производство на поквалитетни теленовели. Навистина, многу добри сцени, за теленовела доволно реалистични, мирни и нормални дијалози и добра глума, како и режија. Поим немав што се случува, но тоа ми беше најмалку битно, иако ми се чини дека и дејствието не е некое „забегано“.
 

LucasScott

Нов Член
Мислења
8,009
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #13
* 98,99 и 100- та епизода {финале}.

Бидејки не бев дома кога новелата заврши на Романтика, денес ги изгледав последните три епизоди на омилената ми новела за оваа година.

Воглавно се заврши онака како што и требаше да биде, секој заврши со оној кој му беше судено, а секако најшокантно беше помирувањето на Тереза и Маркос.
После толку години брак, по толку варања, по толку вонбрачни деца, таа реши да го прими назад со отворено срце. Секоја чест. Патем најдобрата улога во која сум ја гледал Лилија Кабрал, никогаш не ми била драга, но со оваа улога ме собори на колена, неповторлива. Заслужено ЕМИ.

Хелена и Бруно секако останаа заедно и конечно таа роди дете иако некогаш помислував дека е стерилна бидејки толку пати се обиде.

И секако шлагот на тортата - Лусијана и Мигел, протагонистите кои ја имаа најубаво раскажаната љубовна приказна која некогаш сум ја видел во новела. Едноставно хемијата меѓу нив двајца беше токлу голема што со секоја нивна заедничка сцена пукаше екранот од огромната хемија. :se poklonuva::
Тоа е пар кој често знаеше да ме насмее низ епизодите но често и да ме натажи бидејки едноставно нивната приказна беше таква.

Последната сцена кога Лу и Хелена излегоа повторно заедно на сцена - кулминација! :se poklonuva::

И за крај сцени од најреалниот пар кој постој во некоја новела, Лу и Мигел со преубавата нумера на Селин Дион, неописливо!:se poklonuva:::se poklonuva:::se poklonuva::


Боби, очекувам да ја гледаш и да ја коментираш.

Препорака до сите.

10/10
 

LucasScott

Нов Член
Мислења
8,009
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #14
Од утре Viver a Vida на Романтика. Emdt ќе ги снима епизодите, па ајде сите на гледање. :bravobravo:
 

Beauty

Администратор
Мислења
18,238
Допаѓања
2,887
Поени
113
#16
ДОСТА БРАЗИЛ! :haha:

Ги оставив и прајмтајм сериите заради Бразилов, меѓутоа вредат како ниедни други теленовели на светов. Обавезно ја гледам и јас, само да завршам со Celebridade.
Потоа ќе ги гледам оваа и Амазонија, па ако ја има и Белеза пура.

Dark Angel, ти со мене ќе ја гледаш Фаворита на Сител, договорено? Ако воопшто и почне некогаш. 345435
 

DarkAngel

Активен Член
Мислења
2,862
Допаѓања
0
Поени
36
#17
Beauty напиша:
Dark Angel, ти со мене ќе ја гледаш Фаворита на Сител, договорено? Ако воопшто и почне некогаш. 345435
Се сомневам дека некогаш ќе пуштат, Сител нема време за такви серии. :rolleye: Ако ја пуштат секако дека нема да ја пропуштам.

А Аргентина ја заборавивте. Не ли сте загреани за некоја добра драма со социјална критика, или пак некоја телекомедија. Се надевам дека следната аргентинска новела која ќе почне за две недели на TV1 ќе ја снимаат. Засега само Vidas robadas ја има за симнување со превод.
Аргентина е најдобра кога станува збор за теленовели :se poklonuva:: (бар за мене). Следува Бразил па Колумбија. Новелите од Чиле ги немам гледано, но тоа што имам малку погледнато од LFDAL сигурен сум дека се одлични.
 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,690
Допаѓања
0
Поени
0
#18
DarkAngel напиша:
А Аргентина ја заборавивте. Не ли сте загреани за некоја добра драма со социјална критика, или пак некоја телекомедија. Се надевам дека следната аргентинска новела која ќе почне за две недели на TV1 ќе ја снимаат. Засега само Vidas robadas ја има за симнување со превод.
Кај има линкови со превод?! Имаше некаде онлајн за гледање со српски превод али требаше да се претплатиш за да ја гледаш. И која нова аргентинска ќе почне и каде? :)
 

DarkAngel

Активен Член
Мислења
2,862
Допаѓања
0
Поени
36
#19
Ќе ти пратам по ПП.
За нова аргентинска не се знае која ќе биде, но 90% ќе почне кога ќе заврши Botineras, а можеби и по Vidas Robadas, и таа е при крај.