Добредојде на форумот

Регистрирајте сѐ или логирајте сѐ за да имате целосен пристап на форумот на ТВ Пакет!

Најави се

Viver a vida, Rede Globo|2009-2010

DarkAngel

Активен Член
Мислења
2,862
Допаѓања
0
Поени
36
#23
Ја нема. :( Ги има поставено сите епизоди на YouTube, ама без превод. Можно е и неа да ја репризираат бидејќи La ley del amor веќе трет па ја репризираат, па можеби по репризата на VR, ќе ја пуштат Botineras повторно.
Инаку TV1 ја има на Total Tv.
 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,690
Допаѓања
0
Поени
0
#24
DarkAngel напиша:
Ја нема. :( Ги има поставено сите епизоди на YouTube, ама без превод.
А бре DarkAngel порано требаше да кажеш за ова дека ја има за симнување, ајде ќе почнам да ја гледам и онака имам уште цел месец слободно, помалце време ќе имам после за гледање, па ајде колку ќе изгледам изгледам, и онака ниедна теленовела не гледам, само прајмтајм серии. :)
 

DarkAngel

Активен Член
Мислења
2,862
Допаѓања
0
Поени
36
#25
Па јас за овој форум дознав пред една недела на forum.hr во темата за Vidas robadas , инаку и јас мислев дека единствено ја има на таа страна каде што треба да платиш за да симнеш. 45656
 

Beauty

Администратор
Мислења
18,282
Допаѓања
2,969
Поени
113
#26
DarkAngel напиша:
Beauty напиша:
Dark Angel, ти со мене ќе ја гледаш Фаворита на Сител, договорено? Ако воопшто и почне некогаш. 345435
Се сомневам дека некогаш ќе пуштат, Сител нема време за такви серии. :rolleye: Ако ја пуштат секако дека нема да ја пропуштам.
Се молам да не биде само на Сител, туку на Сител 3.

А Аргентина ја заборавивте. Не ли сте загреани за некоја добра драма со социјална критика, или пак некоја телекомедија. Се надевам дека следната аргентинска новела која ќе почне за две недели на TV1 ќе ја снимаат. Засега само Vidas robadas ја има за симнување со превод.
Аргентина е најдобра кога станува збор за теленовели :se poklonuva:: (бар за мене). Следува Бразил па Колумбија. Новелите од Чиле ги немам гледано, но тоа што имам малку погледнато од LFDAL сигурен сум дека се одлични.
Ако земам и аргентински новели да симнувам, тогаш засекогаш да ги оставам прајмтајм сериите. Ако има некоја на балканскиве телевизии што ќе се снима и поставува на интернет, со задоволство ќе ја симнувам. Вака останува да чекам на телевизија аргентинска или да симнувам бразилски кои ги има на интернет.

А и овде главната протагонистка се вика Елена, тоа е младава? Во другите серии на Маноел Карлос постари се Елените.
 

LucasScott

Нов Член
Мислења
8,009
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #27
Елена е Таис Араужо, но батали ја неа, во оваа новела постојат ликови кои се викаат Лусијана и Мигел и нивната љубовна приказна е НАЈУБАВАТА сторија некогаш раскажана во филм или серија. Јас тголку се соживеав со нив што делев емоции како луд, секојдневно со секоја нова епизода.

Инаку како голем фан на новелите на Маноел Карлос, Viver a Vida ми е на исто ниво со Por Amor, послаба ми е од Mulheres Apaixonadas, а подобра од Paginas da vida, иако сите негови новели за мене се Тhe Best.
 

DarkAngel

Активен Член
Мислења
2,862
Допаѓања
0
Поени
36
#28
Beauty напиша:
Се молам да не биде само на Сител, туку на Сител 3.
Мислам дека по TDA ќе почне Cuando me enamoro. И оваа ти ја препорачувам. Според мене најдобра теленовела на Телевиса во последниве 7-8 години. Пред неа последна од Televisa целосно изгледана ми беше Corazones al limite. :haha:

Beauty напиша:
А и овде главната протагонистка се вика Елена, тоа е младава? Во другите серии на Маноел Карлос постари се Елените.
Да црнкињата, симпатична е.
 

Beauty

Администратор
Мислења
18,282
Допаѓања
2,969
Поени
113
#30
Како да симнувам од Youtube, ќе може некој да ми помогне?
 

Beauty

Администратор
Мислења
18,282
Допаѓања
2,969
Поени
113
#33
Оваа е серијата која ја почнувам уште од утре. Кој сака, нека се придружи.
 

Beauty

Администратор
Мислења
18,282
Допаѓања
2,969
Поени
113
#35
Сакав прво Da cor, меѓутоа ќе ја оставам неа за следните месеци. Таман сега оваа истовремено со американските.
 

Beauty

Администратор
Мислења
18,282
Допаѓања
2,969
Поени
113
#36
И повторно теленовела што ми ги надмина очекувањата. Можеби и убаво е да не очекуваш многу за да добиеш многу.
Оваа серија е да си седнеш најудобно, да си ја пуштиш и да се препуштиш на реласксирање и уживање во боите и елеганцијата на шпицата, музиката, пејсажите, глумците и романтиката. Така најдобро би ја опишала.
Елена, нејзината елеганција и фустаните што го носи засега ми се на прво место. 334545 И не ми смета што се одвива брзо дејството, се е многу убаво склопено.
 

LucasScott

Нов Член
Мислења
8,009
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #37
Ама не знаеш колку ти завидувам. VAV ми е најубавата теленовела која сум ја гледал последниве три години, покрај LRDS. Баш како што опиша, уживав во секоја секунда од истата. Одлична замена си најде за Celebridade (како и јас со Bella Calamidades).
 

Beauty

Администратор
Мислења
18,282
Допаѓања
2,969
Поени
113
#38
Ветува уживање серијава.

А Celebridade мене дефинтивно ми влезе во топ 5 новели:

1. Lazos de amor
2. Hombres de honor
3. Ricos y famosos
4. O Clone
5. Celebridade
 

Beauty

Администратор
Мислења
18,282
Допаѓања
2,969
Поени
113
#39
:pie kafe:

Магична. Изгледа на Маноел Карлос се најреалните серии без никакви циркузи. Засега дејството е ставено на малку ликови, не ми пречи, но ми е чудно затоа што се појавуваат највеќе Елена, Маркос, Лусијана, Тереза и близнаците.
За Лусијана мислев дека ќе биде поинаква, од оние типични негативки - разгалени ќерки, но оваа е многу реално претставена. И близнаците ми се супер, особено Мигел.
Глумицата што ја глуми Тереза во првите сцени ме нервираше, но веќе по пет епизоди, Тереза ми е многу смешна, либерална и интересна.
Елена во Париз 334545 Секоја сцена различен фустан и фризура, блеска.
 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,690
Допаѓања
0
Поени
0
#40
Јовица зошто Paginas da Vida ја ставаш во најслабите на Маноел, мене таму приказната дефинитивно ме трогна кога ги гледав тие малку епизоди :)